9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Сообраќајна несреќа кај с.Мажучиште на патот Прилеп-Македонски Брод

Вчера (07.10.2021 во 14.00 часот) во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на крстосницата кај с.Мажучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел фронтера“, управувано од лицето со иницијали Д.Р. (26) од с.Лажани, прилепско и патничко возило „ауди“, управувано од лицето со иницијали Р.Ф.(37) од с. Десово, прилепско, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Т., а со телесни повреди се здобил возачот од другото возило, Д.Р, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дилер од долненско, одреден притвор

Во Пелагонија, повеќе од половината казни за брзо возење во Прилеп

Гордана Цветаноска

Двајца прилепчани влегле во конфликт со полициски службеници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе