2.1 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Мицкоски од Прилеп: Луѓето се незадоволни од ова секојдневие

Денеска преку изјава за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Прилеп рече:

„Денеска сме овде во Прилеп градот херој, ќе имаме исто така во понеделник централен митинг овдека во Прилеп. Она кое што денеска сакам да го порачам во Прилеп е дека Прилеп не го заслужува ова денешно тешко секојдневие, мачно секојдневие, ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее и Прилеп и прилепчани.„

Тој додаде дека е дојден да ја пренесе порака на прилепчани дека не треба да се разочаруваат и дека не треба да очајуваат, зашто ,како што рече тој „најдобрите години допрва доаѓаат за Прилеп, со новиот градоначалник доктор Борче Јовчески“.

„Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг, уште на 17-ти октомври, а потоа нормално многу работа затоа што има многу работи кои што треба да се исправат кои што изминативе четири години беа погрешни, изминативе четири години беа недостоинствени за Прилеп и за прилепчани. Од она кое што можев да го слушнам денеска од прилепчани, навистина тешко се живее, луѓето се незадоволни од ова секојдневие даваат поддршка, апатијата која што владее низ цела Македонија е пресликана и овде во Прилеп. И дека заедно, заедно на 17-ти октомври треба да создадеме нова заедничка просперитетна иднина која што ќе ги отвори нели можностите за сите граѓани вклучително и за Прилеп и за прилепчани.,„ рече  Мицкоски,

И, одговараше на новинарски прашања за инфлацијата и можното покачување на цената на струјата,  даде мислење за опонентото на Јовчески,кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп и укажа дека се можни или предвремни паралментарни избори или преструктуирање на власта.

Би можело да ве интересира

Проданоски побара МВР итно да постапи по заканите на нивниот кандидат за градоначалник

„Прилеп ќе добие нов театар, изграден со средства од Владата“, реакција на ОО СДСМ Прилеп

Гордана Цветаноска

ОК на ВМРО ДПМНЕ: За негрижата за училиштето во населбата Сточен Пазар

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе