Во шестото коло во ракометната Суперлига Прилеп на гостувањето во Кавадарци се врати со пораз од 7 гола разлика: Тиквеш – Прилеп 34-27. Ривлаството започна уште на стартот на натпреварот, но домашните ракометари како да не сакаа бодовите да заминат во Прилеп, па го дадоа својот максимум за да издвојуваат победа.
Уште во првото полувремем при разлика 4:5 започна пресвртот. Набрзина составот на Тиквеш дојде до 11:6 и потоа оваа предност се одржуваше. Во финишот на првото полувреме ракометарите на Прилеп ја намалија гол разликата и на одмор се заминаа со 15:12. Во второто полувреме ракоматарие на Горан Кузамноски успеваа да ја одржат играта, но не и да направат нешто повеќе, па во финишот тиквешани зададоа нов удар и зголемија на безбедни шест гола, 28:22, за на крај разлката од седум гола да се одржува до крај и бодовите да останат во Кавадарци.
Најмногу голови на овој меч постигнаа десното крило Чантурија и левиот бек Милошевски 8, а кај домаќините, со 9 голови, најдобар стрелец и играч беше левиот бек Дрогришки.
Според табелата РК Прилеп моментно се наоѓа на 8 позиција,со 6 бодови, колку што има и Ракометниот клуб Тиквеш 2014, кој се наоѓа на 7 позиција.