7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Прилеп – празнување на 11 ти Октомври!

Венци свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во градот-херој Прилеп, положи делегација на Владата предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во рамките на чествувањата на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание .

Владината делегација се поклони и положи венци свежо цвеќе на спомениците на народните херои Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу и на споменикот „Жена борец“, по што ја посети Алејата на народните херои за да им оддаде почит на жртвите во народно-ослободителната војна од Прилеп, град кој даде 650 жртви и се гордее со 15 народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941“.

Венци свежо цвеќе на споменичните места од народно-ослободителната војна денеска положија и други делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство.

Државната програма за одбележување на 11 Октомври продолжи на „Могилата на непобедените“ каде делегацијата на Владата ја предводеше премиерот Зоран Заев кој заедно со другите делегации, гости и граѓаните од Прилеп и од државата.  Во рамките на празничната програма свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

 

Би можело да ве интересира

По паѓањето на првиот снег градот ја активирана зимската служба за одржување на патиштата

Елизабета Филипоска

Јованоски: Упатувам апел за поголема одговорност за поефикасно справување со Ковид 19

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) НК 12, ЕСЕРА и ТЕРА БИОСА во Фиталија за прихрана и заштита од пеколните горештини

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе