Денот на народното востание, 11-ти Октомври, симболот на слободарскиот дух на прилепчани, СДСМ го одбележува со граѓански марш. Собирот започна пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу, во центарот на Прилеп, и заврши на Могилата на Непобедените, каде се одра и централниот митинг на СДСМ во Прилеп.
Свое обрјаќање на митингот имаа кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески и кандидатот носител на листата за советници за Советот на Оптшина Прилеп, Моника Грашоска,која ја истакнаа својата заложба за Прилеп преставувајќи ги проектите и идеите.
„Држава се гради со љубов, со искрено чувство со патриотизам, со почитување на сопствениот народ и припадниците на другите етнички заедници, кои живеат во неа, држава се гради, не се разградува, Прилеп се сака со дела не со зборови, борбата за Прилеп била и секогаш ќе биде поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност, мојата филозофија е да обединувам а не да делам“, истакна денеска во Прилеп кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески.
Пред присутните прилепчани свое обрајќање имаше и министерот за здравство, Венко Филипче, како и премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев:
„Особена чест имам што овде, од Могилата на непобедените ја претставувам нашата понуда за локалните избори. Како и за сите општини, и за Прилеп го носиме најдоброто. Имаме дилеми, но знам дека Прилеп прв почувствува кога требаше. Овие 80 години Прилеп беше и остана нашата авангарда. И затоа, на крајот, сепак победува, најдоброто, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Прилеп, од пред Могилата на непобедените по денешниот марш од центарот на градот. Нема подобро време, посочи Заев, од тоа денеска, на овој важен датум, од тоа да се биде во Прилеп заедно со вас, да се маршира рамо до рамо со заеднички вредности, со заедничка почит спрема минатото и со заедничка визија за иднината„:
Сите изјави може да ги чуете во продолжение на видеото:
https://www.facebook.com/SektorKomunikaciiPrilep/videos/1141614733032399