1.2 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

„Прилеп ќе добие нов театар, изграден со средства од Владата“, реакција на ОО СДСМ Прилеп

На прес конференција одржана денеска на која од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп најавија дека поднесуваат кривична пријава против актуелниот градоначалник во врска со идејното решение за новиот театар, од Центарот за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп, пристигна следната реакција:

„На 5 денови пред локалните избори, безидејното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја замајува јавноста со лажни вести и со одвлекување на вниманието на јавноста од проблемите во сопствените редови.

Во обид да го покријат најновото бегство на нивниот кандидат за градоначалник, Борче Јовчески од телевизиската дебата со останатите кандидати, како и да го одвлечат вниманието на јавноста од фијаското на нивниот синоќешен митинг, сегашната и идна опозиција повторно се расфрла со бесмислени и беспредметни кривични пријави.

Овој пат нивна „мета“ беше градоначалникот Илија Јованоски и изработката на идејно решение за новиот објект на прилепскиот театар.

Разбирливо е што во партијата на бегалецот Груевски и неговата марионета Мицкоски, не можат да се помират со големиот број реализирани проекти на градоначалникот Јованоски, чиј број е поголем од сите проекти на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за период од 12 години.

Господа од ВМРО-ДПМНЕ,

Вчера СДСМ и Коалицијата организираа величествен, достоинствен и масовен марш во чест на Денот на народното востание, 11 Октомври, од кој граѓаните упатија јасна порака дека Горан Сугарески е идниот градоначалник на општина Прилеп!

Она кое што не сакате да го чуете и видите, покрај вашиот извесен пораз на претстојните локални избори, се зборовите на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, кој и вчера го повтори повеќе пати кажаното: дека идниот градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, ќе има огромна и безрезервна поддршка од Владата и дека еден од проектите кој ќе биде поддржан со средства од државниот буџет, е токму новата зграда на прилепскиот театар,“ се вели во реакцијата од Центарот за комуникации со јавност од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

КАКО СЕ ГЛАСА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ?!

Елизабета Филипоска

ЧЕ ВРЕДИ: Проектот МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР-Прилеп не е проект кој се реализира со цигли и бетон

Елизабета Филипоска

За 2% помала излезеност во Прилеп до 13,оо ч на локалните избори, споредбено со предходните во 2017

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе