„ Во сабота, (УТРЕ) на 16-ти октомври, во 12,оо часот да излеземе сите и традиционално како и секоја година, со рози во рацете, да ги пречекаме маратонците, кои секоја година неуморно трчаат во чест на нашиот ангел Тоше „ – повикаа учениците од СОУ Наум Наумоски – Борче, кои веќе четири години се организатори на пречекот на маратонците со рози и НАПИШАА со големи емоции „четиринаесет годишнината од смртта на нашиот Тоше – една роза, безброј полни срца! Дојдете и оживејте го духот на нашиот ангел.„
И, оваа година почитувачите на Тоше Проески, на 16-ти октомври ќе ги пречекаат маратонците во неговото родно Крушево. Учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески, од Нова Градишка до Крушево ќе пристигнат околу 12,оо часот и ќе бидат пречекани со рози на патот.
Организаторот, СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево и Локалениот младински совет – Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани, набавија рози за достоинствен пречек на спортистите. Розите, ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до вечното почивалиште на Тоше.
Ова е четврта година по ред, да на ваков начин се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички, граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.
Инаку, ултрамаратонот се одржува по четрнаести пат. Започна неколку години по смртта на Тоше, македонската и балканска музичка легенда, кој на 16-ти октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа загина на автопатот близу Нова Градишка, Хрватска