11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

ТРЕТА ЕСЕНСКА ПОБЕДА НА РК ПРИЛЕП

Екипата на РК Прилеп во салата од СОУ„Ристе Ристески – Ричко“, со 25:22 (14:9) го совлада тимот на РК Струга, во 7. коло од Супер лигата. До победата не се стигна лесно, со оглед на водството кое гостите го имаа во првото полувреме, последен пат со 6:8. Сепак, понатаму домашните ракометари ја презедоа играта и, се чини, ги постигнаа во серија одлучувачките голови. Пресвртот кој се случи до одморот, донесе резултат 14:9 за РК Прилеп.

Во второто полувреме предноста беше поубедлива, за на крајот да се сведе на 3 разлика, 25:22. Сега РК Прилеп има есенски биланс од 3 победи и 4 порази и се наоѓа на 8 позиција од табелата од Супер лига – мажи со 9 поени. Инаку, најдобри кај прилепчеани на овој меч беа Милошевски ( 5 гола) и крилата, Чантурија и Рустамов (4  гола) ,како и Шокоски (4)  а кај стружани најмногу голови постигна левото крило Јанковски (6 гола).

Во следното 8.коло РК Прилеп му гостува на шампионот Вардар.

 

Би можело да ве интересира

Ракометарите на Прилеп ги започнаа подготовките

Пела Редакција

Шокоски му донесе победа на РК Прилеп во последната секунда!

Гордана Цветаноска

Учество на балканско и европско првенство е приоритет на членовите на АК Стеваноски (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе