29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ПОБЕДА НА ДЕСПИНА НАД ФЕНИКС

Прилепска Деспина со 34:29 (14:15) на домашен терен го совлада битолски Феникс, во 5. коло на Супер женската лига, А-група. Гостинките водеа по првото полувреме со 14:15, подоцна и со 14:16, се до 17:18.

Во продолжение домашните ги средија своите редови и го презедоа водството, кое не го испуштија до крајот. Во еден момент разликата беше 6 гола (30:24), а конечниот резултат 34:29. По ова, Деспина има биланс од 3 победи и 2 пораза.

Ова беше последниот натпревар на прилепскиот тим пред патувањето за Скара, Шведска, каде се двата дуела во ЕХФ европскиот куп.

Би можело да ве интересира

Снегот ги одложи фудбалските натпревари во Прилеп

Победа ја симна Шкендија од челното место

Победа “прегазена“ од Лозница со 8:0 на пријателски натпревар во Србија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе