11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РАКОМЕТОТ ВО ПРИЛЕП СЕ ВРАЌА ВО ХРАМОТ НА РАКОМЕТОТ – УНИВЕРЗАЛНА САЛА

РК Прилеп ја доби најубавата вест во последните години – ракометот се враќа во спорстката Универзална салата, каде што се одвиваа и најголемите успеси на некогашниот ракометен гигант  „Тутунски комбинат „ кој својот најголем успех од осамостојувањето на Македонија го имаше  во 2002 година, кога го освоен трофејот во Купот на Македонија.

Во последните 10 -тина години клубот тренираше и ги играше натпреварите во училишната сала во СОУ „Р. Р. Ричко“,  што прествуваше не можност да се развива во сите категории и да им овозможи на публиката да биде помасовно прсиутна на натпреварите.

Последните натпревари во Универзалната сала беа во 2018 година, кога се одржа Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“.  Оттогаш салат соти како нем сведок дека тука се одржувале многу убави спортски моменти, успеси и падови на многу спортски клубови. Во секоја прилика и средба  ракометарите, спортистите и спортските работници правеа напори Универзалната спорска сала во Прилеп да профункционира, и да не биде „напуштено место“ во центарот на Прилеп,туку храм на спортот,што еве пред неколку дена успеа да го постигне Управниот одбор на РК Прилеп ,со претседателот на клубот Александар Мариноски.

Претседателот на клубот, Александар Мариноски,  во договор помеѓу АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката и Агенцијата за млади и спорт, деновиве склучени договори за изнајмување на Универзалната сала за потребите на сениорската ракометна екипа,  АД Ракометен клуб „Прилеп“,што ќе овозможи наскоро натпреварите и тренинзите да се одвиваат во оваа сала.

Со враќањето во Универзалната сала на ракометот, тимот на РК Прилеп ќе добие подобри услови за рабата, а и ќе се овозможи поголема поддршка од трибините на ракометарите,во градот кој ракометот со фудбалто е на врвот на интересирањето на прилепчани. Паралено, со ракометарите, салата ќе ја користи  и Здружението Кошаркарски клуб „МЕГА БАСКЕТ“ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Три прилепчанки во борење ќе настапат на балканското првенство во Букурешт (ФОТО)

Никола Димески

Победа – Шкупи на стадионот во Битола, дебитант Бразилецот Силва

Гордана Цветаноска

Прва победа по пауза од 7 години за женската фудбалска репрезентација до 17 години

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе