6 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Промоција на монографијата „75 години ЈОУ Градска библиотека ‘Борка Талески’-Прилеп“

На самиот ден од почетокот на функционирањето како установа (22 октомври) во далечната 1945 година, во прилепскиот храм на книгата денеска беше промовирана монографијата со наслов „75 години ЈОУ Градска библиотека ‘Борка Талески’-Прилеп“. Како автори на ова дело се тројца вработени во градската библиотека : Моника Талеска, Петар Петрески и д-р Нада Караџоска, заедно со соработниците: Каролина Крстеска и Магда Василеска. Монографијата е пресек на работата на установата, што претставува патување низ времето, настаните, личностите и делата, при тоа осврнувајќи се на значајните поставки кои се особеност на установата: збирката раритетни книги, делата на роднокрајните автори и издавачката дејност.

„75 години низ фотографии и збор, со книга, личности и настани, седум и пол децении, но во година кога се навршуваат 76 години од постоењето на установата, бидејќи беше пандемија. Во пандемиски услови, со почитување на протоколите, со присуство и поддршка на колегите на НУБ „Св. Климент Охридски“ го чествуваме овој значање јубилеј на единствениот храм на книгата во Прилеп, што го носи името на народниот херој Борка Талески, во година кога одбележуваме и 100 години од неговото раѓањ, како и 100 години од раѓањето на Блаже Конески и Коле Чашуле. Горди библиотекари, достоинствени скромни луѓе, тивки, мирни, секогаш посветени со книгата, посветени на убавината и уметноста на зборот. Поминале децении и генерации од првите библиотекари.

До денес броиме околу 140 илјади книги, имаме навистина една импозантна вредна поставка со околу илјада дела, роднокрајна со околу 3 илјади дела, оддел за странска литература, оддел за деца и возрасни. Нашите напори и заложби се да се развиваме, пред се’ да ги решиме бројните проблеми дефинирани во функционалната анализа, просторно да се организираме како што треба. Технички да се доопремиме и кадровски да се екипираме.

Сите аспекти бараат дополнителна енергија, дополнителни вложувања. Изразувам благодарност до Општина Прилеп, како основач на установата и до ресорното министерство за култура за целата поддршка до сега. Но, пред се’ огромна благодарност на сите мои колеги и за привилегијата и честа јас да говорам за ова дело, а огромна почит до сите наши читатели кои се редовни и во време на пандемија, го почитуваат нашиот храм на книгата, нашата дејност, ни даваат поддршка, ни даваат ветер во грб, а благодарение на нив и постоиме и ќе постоиме со завет и аманет дека сме институција која што е сервис на нашите граѓани,“ рече Моника Талеска, директор на Јавната општинска установа Градска библиотека Борка Талески.

Јелисавета Костадинова, в.д.директорка на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, библиотекарски советник и лиценциран едукатор за COBISS системот како промотор на монографијата се осврна и на соработката меѓу двете институции.

„Монографијата е прекрасна и преку неа и тој што не бил во библиотеката може да се запознае како функционирала оваа библиотека низ историјата, кои се нејзините функции, и навистина преку еден убав начин е допрено до секој оној кој што само да ја земе монографијата ќе се запознае со просторот и функционирањето на оваа институција. 

Соработката меѓу Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и ЈОУ „Борка Талески“ Прилеп е во тоа што тие се меѓу првите кои што се вклучија во тој мрежен библиотечно – информациски систем COBISS, што значи дека на корисниците им е овозможено он-лајн пребаруваат и да се запознаат низ таа база на библиотечни податоци, и што се’ има оваа библиотека и заедничката база во Македонија,“ посочи  Костадинова.

Монографијата „75 години ЈОУ Градска библиотека ‘Борка Талески’-Прилеп“е преведена и на англиски јазик за што беа задолжени Весна Миланоска и Каролина Крстеска, лектурае на Оливера Божовиќ, дизајн на корица  Александра Николоска, фотографија- Фото Пеце Зрак Продукција, а графички дизајн: Горан Станкоски.

Би можело да ве интересира

„БЕЛЕГ НА ВРЕМЕТО“ – вечерва, самостојна изложба на Павлина Илијеска

Гордана Цветаноска

Tрадиционалeн концерт во негување на македонската песна

Елизабета Филипоска

Палачинки во Новаци во знак на одбележаување на францускиот празник “C Est La Chandeleur” (Сретение Господово)

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе