25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, лишено од слобода едно лице

Lekovo

Скопјанец во с. Витолиште,  во негова викендица, чувал муниција од автоматска пушка, ловечка пишка, рамки од автоматски пушки, дури и граната. По претрес на полицијата тоа му било одземено, а лицето е приведено.

Имено, на 03.04.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.А.(45) од Скопје. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викендичка во близина на с.Витолиште, прилепско, во сопственост на Ј.А.(45) од Скопје.

При претресот била пронајдена ловна пушка со калибар 16мм, ловни патрони со калибар 16мм, 223 куршуми од автоматска пушка, 70 куршуми за пиштол, четири рамки од автоматска пушка, две рамки од полуавтоматска пушка и граната.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

ЈКП ВиК Прилеп распиша тендер за набавка на модерна опрема

Добра вест!Во Прилеп нема заболени од мали сипаници

Поради протест на вработените два дена Прилеп ќе нема градски превоз

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе