26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Се одбележаа 160 години од раѓањето на Ѓорче Петров

По тој повод 160 години од раѓањето на македонскиoт револуционер, прилепчанецот Ѓорче Петров   претставници од Советот на општина Прилеп и од СОУ „Ѓорче Петров“, кое го носи името на револуционерот, пртставници од политчки партија и здруженија на граѓани, денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на истакнатиот револуционер, во центарот на градот.

Покрај револуционерната дејност и неговата посветеност на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров се докажал и како прв географ и етнолог во Македонија, професор, публицист и историчар. Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година, во Варош, а на 28 јуни 1921 година загинува во атентат во Софија, Бугарија.

Би можело да ве интересира

Прилепска Пиварница: За 100 годишнината – 100 засадени дабови дрвца

Руската амбасада го одбележа Денот на сеќавањето во Прилеп

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе