11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

23 Октомври- Денот на македонската револиционерна борба.

Денес  Македонија го  празнува 23 Октомври- Денот на македонската револиционерна борба.

Празникот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Денот е неработен.

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Поради важноста на историскиот настан на 23 октомври, Владата на  Македонија во чест на празникот востанови доделување на наградата „23 Октомври“. Таа се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата и промоција на државните интереси, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

Би можело да ве интересира

Денеска повторно Битола и Прилеп најстудени градови во Македонија

Елизабета Филипоска

Во битката со короната почина легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

Елизабета Филипоска

Комуналец Прилеп: Исчистивме над 20 диви депонии, акциите продолжуваат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе