9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Утре ќе биде доделен мандатот на новиот градоначалник на Прилеп

Во Прилеп, утре на пладнe, официјално ОИК ќе ги додели уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески и на новоизбраните советници на Советот на општина Прилеп, согласно изборните резултати од 17 октомври. Примопредавањето на градоначалничката функција ќе се изврши во просториите на Општинската зграда каде на свечениот чин ќе присуствуваaт сите кои ќе ја водат локалната власт во Прилеп во следните четири години.

Граѓаните очекуваат развој на Прилеп и донесување квалитетни одлуки со кои ќе се подобри севкупниот живот на прилепчани.

Со додeлувањето на уверенијата на членовите на новиот советнички состав и градоначалник Локалните избори во Прилеп се завршени, а постигнатите изборни резултати се официјални.

Спорeд изборните резултатие во идниот состав на Советот на општина Прилеп, ВМРО ДПМНЕ  и коалицијата „Обнова на Македонија„ ќе има 15 советници, СДСМ и коалиција „Најдоброто за мојата општина„ 10 и Левица 2 советника.

Би можело да ве интересира

Почина жител од Крушево од коронавирусот

Елизабета Филипоска

Прилепчани во исчекување на резултатите од Инситутот за јавно здравје

Елизабета Филипоска

Кој се се добитници на Општинската, “3- то Ноемвриска“ награда?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе