24.3 C
Прилеп
среда, 15 јули, 2026
Пела Радио

Почина жител од Крушево од коронавирусот

Жител на Крушево на 70-годишна возраст почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица од новиот корона вирус.

Ова е втор смртен случај како резултат на Ковид-19 во Крушево, откако кон средината на април битката ја загуби 85-годишна жена.

До вчерашниот ден, во Крушево има четири активни случаи на заразата, а повеќе од 40 лица се во самоизолација на ниво на целата општина.

До денеска од коронавирусот во земјава починаа 341 лице.

Би можело да ве интересира

Се дезинфицираа јавните простории во зградите

Иницијативата #sportistiprotivKorona успешна. Аплауз за спортистите

Избори 2024: одлуката на 8 ми мај ќе биде судбоносна за Македонија!(ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе