11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Борче Јовчески и официјално градоначалник на Прилеп

Во големата сала на Општина Прилеп Борче Јовчески денеска од страна на Општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Јовчески му беше доделено уверението, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп. Претседателот на ОИК Валентин Божиноски напомена дека изборниот процес помина транспарентно и демократски без ниту една нерегуларност и при тоа им се заблагодари на сите учесници во изборниот процес.

 

– Мојата врата ќе биде ширум отворена за сите граѓани и жители на населените места. Проблемите кои што ги имаат во секојдневниот живот ќе бидат решени заедно со мене и Советот со кој што заедно ќе работиме во наредните 4 години, истакна Јовчески од говорницата.

Примопредавањето на највисоката општинска функција се изврши во кабинетот на Градоначалникот на општината. Новоименуваниот градоначалник Борче Јовчески се заблагодари за укажаната доверба.

– Почитувани сограѓани, почитувани медиуми ви благодарам на поддршката која што ми ја дадовте. Ветувам дека наредните 4 години ќе ги остварам сите проекти кои што беа во нашата програма. Тоа значи дека вратата ширум ќе биде отворена за секој граѓанин. Им благодарам на секој сограѓанин и на секој жител на населените места. Во најбрзо време нивните проблеми ќе бидат решени и конечно Прилеп ќе го добие она кое што го заслужува за наредниве 4 години, рече Јовчески.

Јованоски му го честиташе четиригодишниот мандат на Јовчески и му посака успеси во работењето и реализација на проекти во интерес на граѓаните.

-Уверен сум и сигурен дека Јовчески ќе биде во функција на сите вас граѓаните, ќе направи проекти што ги има замислено и ќе ги реализира сите во наредниот период. Му посакувам добро здравје и сигурен сум дека во наредните 4 години ќе бидете задоволни од неговата функција во општина Прилеп, рече Јованоски.

Веднаш по примопредавањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески ги посети сите сектори во Општина Прилеп и се поздрави со сите вработени, при што истакна дека очекува успешна соработка. Локалните избори за општина Прилеп завршија со првиот круг кога Јовчески како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општината.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на советот, а исто така ќе биде избран и новиот претседател на советот.

Би можело да ве интересира

МЗ: вакцинација без закажан термин од наредната недела

Гордана Цветаноска

Интервју со Гоце Макалоски, Претседател на „Локален спортски сојуз – Прилеп“

Елизабета Филипоска

Вечерва, повторно земјотрес!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе