29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Љубов и вино – поетско музичка вечер за Св. Трифун и Денот на љубовта

Поетско музичка вечер насловена „Љубов и вино“ ќе се одржи на 14 февруари 2023, вторник, од 18 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“, со што ќе бидат одбележани празниците Св. Трифун и Денот на љубовта. Манифестацијата која ќе има мултимедијален карактер ја реализираат Центарот за култура и Клубот на литературни творци – Прилеп, при што дваесетина поети ќе презентираат поезија.
Освен што ќе се чуе убавиот стих, ќе има и музика, со што на ваков оригинален начин ќе бидат одбележани двата празници, а со ова практично Центарот ги започнува годинешните активности, во кои во голема мера ќе бидат вклучени и поетите и литератите
од градов. Посетителите не само што ќе можат да уживаат во убавиот пишан збор и музиката, туку ќе вкусат и убаво прилепско вино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Втора најава за насилно прекинување на протестот кај Оревоец

(Видео) Уапсен прилепчанец за подметнување пожар

Започнува етапната исплата на пензиите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе