5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Нови 31 позитивен случај на корона во Прилеп

Нови 417 заразени, 10 починати и 323 оздравени пациенти од корона во минатото деноноќие, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Повторно највисок број во Скопје – 155, а Прилеп полека се искачува на врвот со  31 случај, додека во останатите градови бројката е помала. Од вкупно направени 2.964 тестови во Центарот за јавно здравје Прилеп се реализирани 48 тестови.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје  и Кочани,  и по едно починато лице од Куманово , Тетово , Штип , Битола  и Крива Паланка. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови“, се вели во соопштението од министерството за здравство.

Регистрирани сe 329 оздравени пациенти, од кои , 10 се од Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Втора најава за насилно прекинување на протестот кај Оревоец

Македонија одбележува 32 години монетарна самостојност

Пела Редакција

Од полноќ се намалува цената на дизел горивото

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе