30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

В недела завршен настан на „Денови на Св. Климент Охридски“

В недела, на 8 декември, токму на празникот Св. Климент Охридски, во собраниската сала на Општина Прилеп, ќе се одржи завршниот настан од проектот „Денови на Св. Климент Охридски“.

На настанот ќе бидат презентирани делата изработени од учениците од основните училишта од Прилеп и од основното училиште од с. Долнени, кои во текот на претходниот месец активно учествуваа во различни работилници посветени на Св.Климент Охриски,  нашиот најголем просветител и културен деец  и неговото влијание во Македонија и пошироко.

Проектот го реализира  Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп,  Преспанско – пелагониската епархија и Институтот за старословенска култура – Прилеп.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Нови 5 случаи- 742 лица заразени од пандемијата до денеска

МЕТЕОАЛАРМ: И ДЕНЕСКА ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР

Полициска хроника: Фатен крадец, ограбувал во фирма…

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе