7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дали новиот правилник е во интерес на тутунарите и ќе придонесе за реална проценка?

Официјалниот претставник на тутунопроизводителите во Македонија – Сојузот на земјоделски здруженија, се огласи со соопштение до јавноста во врска со изменетиот правилник за проценка на тутун донесен од страна на ресорното министерство минатиот месец, што било причина за средба изминативе денови  :

Почитувани тутунари,сакаме да ве известиме ние како сојуз две години бараме да се измени правилникот и конечно седнавме во петокот 05.11.2021 година со сите откупувачи и МЗШВ и донесовме правилник во корист на тутунопроизводителите каде што I класа ја зголемивме до 14цм. II класа до 20цм, во III класа со должина до 25цм, исто така се вметна и дибот (првата берба).Се формира збирна класа за скапаниот тутун, тутунот со оштетувања до 60% (четворката) да се проценува како II-I дополнителна класа. Со ова цените на тутунот си остануваат исти како што се во договорите и откупот ќе почни навремено и без задоцнување“, се вели во соопштението од Сојузот на земјоделски здруженија.

Тутунарите стравуваат дека со новиот правилник ќе се намали цената на производот, кој што годинава е со одличен квалитет. Новоформираните тутунски здруженија, со писмена реакција до јавноста во врска со соопштението на Сојузот на земјоделски здруженија, а во кое според нив, бил донесен правилник во интерес на тутунопроизводителите. Во реакцијата на тутунските здруженија меѓу другото се вели:

„И во стариот правилник здравиот тутунот се откупуваше во три класи. А четврта класа беше збирна класа од сите инсерции берби со лош квалитет. Тоа што се промени името на збирната класа од четврта во дополнителна прва е придобивка за ТУТУНАРИТЕ??? Сојузот на земјоделски здруженија ако беше од страната на тутунарите требаше да издејствува покачување на цените по класи, а не да биди учесник во еден театар кој ни се случи. За да биде јавноста правилно информирана сојузот и МЗШВ ни скроија правилник без предходна консултација на откупувачите, институтот за тутун, стручната фела од секторот, а ниту беа информирани производителите. Тој правилник беше објавен во службен весник на 25.10. 2021 и таков како што беше изготвен гарантираше намалување на цената на класите. Но, благодарение на нашата реакција и противењето на откупувачите се ретерира и се усвои нов правилник кој не е ништо поразличен од ланската реколта. Само фактот што имаме одличен квалитет во оваа реколта може да придонесе за повисок просек од предходната, а не нов правилник кој божем е донесен во наш интерес. И затоа уште пред почетокот на откуп ги повикуваме инспекторатот при МЗШВ како и поверениците на вага да застанат во одбрана за реална проценка на тутунот, да не дозволат проценка на квалитетни тутуни во пониска класа што впрочем ни се случи минатата реколта“, се вели во реакцијата на новоформираните тутунски здруженија.

Инаку, засега нема најави ниту за исплата на ветениот анти – ковид пакет за тутунарите за ланската реколта, ниту за почеток на предвремен откуп на тутунот, кој што изминативе години започнувал и од 15 ти ноември, доколку има барање од страна на откупувачите. Законскиот рок за старт на тутунскиот откуп, кога се обврзани сите регистрирани тутунски компании за преземање на реколтата е 15 декември.

Би можело да ве интересира

Крушево добива модерна сала за кино, театар и посебна сала на Советот

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)МАНИФЕСТ НА ЛОКАЛНИТЕ НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА

Пела Редакција

Првиот ден од новата година и струјомерите почнаа да вртат по нови цени, а на сметките се воведе и нова давачка

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе