11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј повторно донира спортска опрема

донација од минатата година

Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто – Сиднеј, од Австралија,  повторно донира опрема за младите спортисти .Овој пат опремата и реквизитите ги добивааат младинските фудбалски школи во Општина Прилеп . Опремата вклучува – дресови, шушкавци, топки, степери, мрежи, скали за вежбање, фитнес топки, ролери, ластици и јажиња, спортски реквизити  во вкупна вредност од околу 3000 евра.

Соработката помеѓу Општина Прилеп и Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј, трае повеќе од една година, преку советникот за млади Гоце Бумбароски,  и,  ова е трета донација.

 

Фотографијата е од минатата донација – 500 комплети спортски дресови и шорцеви

 

Со донацијата, велат од македонското – прилепско здружение од Австралија, „Методија Андонов -Ченто„ сакавме да дадеме мал придонес за нашата таатковина, за нашиот  град, да израдуваме многу деца од Прилеп кои тренираат фудбалот.

Минатата година, ова друштво донираше опрема за основните училишта во општина Прилеп,  во износ од 5000 долари (печатари, телевизори, топки, тримери за трева, поликолор, нагледни средства за ученици со посебни образовни потреби), и околу 500 фудбалски дресови кои ги добија прилепски дечиња, спортисти од разни клубови.

Фотографијата е од минатата донација – 500 комплети спортски дресови и шорцеви

 

Ваквите акции ќе продолжат во наредниот период (ќе следи донација за другите спортски клубови – ракомет, одбојка, тенис и сл), велат од Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто„ од  Сиднеј, Австралија,кои се радосни што нивната донација ги радува децата спортисти во Прилеп

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес утрово ги разбуди Прилепчани

Елизабета Филипоска

Почина едно лице, девет се новозаболени

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Радио Пела го предизвика интересот на светските медиуми

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе