11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ: ПОЧИНА КИРИЛ САМАРЏИОСКИ – СИНОНИМОТ НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА

Утрово на 78 годишна возраст почина Кирил Самарџиоски,  синоним на компанијата Прилепска пиварница, нејзин долгогодишен директор и претседател на Управниот одбор . Кирил Самарџиоски е роден на 30 јануари 1943 година во Прилеп. Тој сиот свој работен век го помина во Прилеп, го посвети на родниот град, на прилепска Пиварница и на прилепска Победа. Самарџиоски дипломирал во 1966 година на Технолошкиот факултет во Скопје, а по враќањето во Прилеп се посветил на подобрување на техничко технолошкиот процес во Прилепската пиварница.

Тој беше добитник на низа вредни признанија за своите достигнувања во светот на бизнисот, меѓу кои во 2018 година Советот на Југоисточна Европа ( во делот на бизнисот) Humboldt Универзитетот во Берлин, му ја додели титулата Личност на YEI. Во 2014 година градот му го додели најпрестижното признание Третоноемвриската награда за животно дело. Беше посветен сопруг, татко, и дедо, а за својата 40 годишна посветеност и љубов кон работата ја издаде и својата мнографија „Сеќавања“.

Кирил Самарџиоски ќе остане запаметен како еден од најуспешните стопанственици на Прилеп со своите идеи за развој на бизнисот, како најзначаен прв човек за развојот на Прилепската пиварница, бизнисмен кој што беше чекор пред времето, особено при трансформацијата на компанијата и прилагодување кон современите текови за работа со странските партнери.

Самарџиоски ќе рече: „Успехот доаѓа кај оние кои се осмелуваат и дејствуваат, а не кај оние кои се плашат од последиците“ и „Тоа што ќе го задржиш за себе – го губиш, тоа што ќе го споделиш со другите останува – засекогаш.“

Посмртните останки на Кирил Самарџиоски ќе бидат положени на новите градски гробишта во Прилеп.

Би можело да ве интересира

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јовица Фризерот, педагог, галантон и голем мајстор на фризерскиот занает 

Елизабета Филипоска

Гранде Пандев : Сите на хуманитарен концерт на 19-ти во Прилеп (ВИДЕО+ФОТО)

(ФОТО) Сите патишта водат кон Трескавец по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе