11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Работниците од Еурокомпозит се враќаат на редовните работни обврски

Работниците од Еурокомпозит ги прекинуваат блокадите и протестите, досегашниот генерален директор Александар Кузески си поднел неотповиклива оставка. Како што најавува Роберт Богданоски од синдикалната организација на оваа фабрика за наменско производство во државна сопственост, од понеделник работниците се враќаат на редовните работни обврски.
– По дописот од Владата дека генералниот директор Александар Кузески си поднесе неотповиклива оставка, која веќе е објавена на огласната табла во компанијата, како синдикат донесовме одлука штрајкот да го ставиме во мирување. Заминувањето на раководството од фабриката беше еден од условите за простести и штрајк, вели Богданоски.
Во врска со 10 те суспензии од работа, од синдикатот се надеваат дека бордот на директори ќе има разбирање, за што веќе биле поднесени приговори и се очекува нивно решавање.
Со заминувањето на генералниот директор Кузески исполнети се две од трите барања на работниците во Еурокомпозит. Во наредниот 6 месечен период Владата потребно е да го реши статусот на компанијата со изнаоѓање на стратешки партнер, редовна исплата на бруто плата за вработените, исплата на заостанати плати и придонеси. Во Еурокомпозит работат 260 работници, од кои 100 тина треба да влезат во посебен социјален пакет за технолошки вишок.

Би можело да ве интересира

Дали новиот правилник е во интерес на тутунарите и ќе придонесе за реална проценка?

Гордана Цветаноска

Безбедноста на учениците во гимназијата Мирче Ацев на прво место

Елизабета Филипоска

Обилните дождови направија проблеми во населба Сточен пазар (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе