11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Колоски: Дијаспората е партнер во градењето на иднината на Македонија

Обединета Македонска Дијаспора останува на ставовите за неприфаќање на промена на уставното име на државата, создавање на надпартиска платформа околу тоа прашање со јасни црвени линии и напуштање на преговорите со јужниот сосед, истакна при денешната посета на Прилеп.
Мето Колоски, претседател на Македонската Обединета Дијаспора. Колоски вели дека 3 неделната посета на Македонија ја користи за анализа на состојбите околу формирањето на таканаречното „Народно собрание“
– Државата е на народот и народот одлучува за иднината на државата, а дијаспората е тука да помогне околу сите важни прашања кои го засегаат македонскиот народ. Прво е името, ние од ОМД веруваме дека мнозинството на народот не сака да прифати промена на уставното име. ОМД бара македонската влада, но не само владата туку и сите македонски партии да се согласат да се прекинат преговорите. Бараме надпартиска платформа за нашите црвени линии, а за жал македонските партии тактизираат со иднината на државата со ова прашање. Исто така со законот за јазици, кој е противуставен закон, зашто со тој закон се сменува карактерот на државата. Ние не поддржуваме промена на унитарноста, суверенитетот на Република Македонија и ќе се бориме за решавање на тоа прашање. Од јули месец минатата година нашата организација е против тој закон за јазици. Ние го охрабруваме претседателот Иванов да продолжи да не го потпишува указот за законот, за да не влези во употреба.
Во однос на релациите со дијаспората Колоски околу прашањата за преговорите со името и законот за јазиците беше дециден дека овие најзначајни одлуки не треба да се донесуваат без македонската заедница која живее и работи во странство.
– Треба македонската нација и државата да сфати дека дијаспората е огромен потенцијал за државата и сакаме да потенцираме дека на дијаспората треба да се гледа како парнер на градењето на иднината на државата. На Македонија и треба Народно собрание кое ќе вклучува луѓе од Македонија и од дијаспората и на таков начин да градиме иднина за државата. Но, исто така и да поддржиме активности. Еве ние на приме со глобалното движење имавме 40 протести низ светот во рок од два месеци и видовте во Австралија колку народ се собра, видовте во Скопје. Благодарејќи на многу луѓе тука од Прилеп и на младите кои излегоа на тие протести, бидејќи иднината останува на младите и оваа држава останува на младите и ние треба да видиме каде ќе ја оставиме државата за тие млади и како и се надеваме дека тие ќе ја водат на правилен пат. Тука сме да поддржиме, да соработуваме еден со друг, така да верувам дека народното собрание ќе продолжи во бранење на интересите на РМ и македонскиот народ. Но сакам да потенцирам дека ние тука што правиме не против никоја заедница. Ние Македонците ја градиме да имаме сопствена држава, зашто Македонија е за Македонците но и е отворена за сите кои се чувствуваат да бидат Македонци, граѓани на оваа држава, вели Мето Колоски.
Обединетата Македонска Дијаспора е невладина организација со седиште во Вашингонтон САД со главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот со претставништва во сите земји каде егзистираат поголемите македонски заедници на иселениците. Од почетокот на годинава заедно со бројни македонски патриотски здруженија организираше протести во повеќе градови во САД, Канада, во Европа, Австралија и Нов Зеланд под заедничко мото „Ние сме Македонија“ на кои беа упатени пораките за непромена на уставното име и за прекин на преговорите со јужниот сосед.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог закон: 100 денари линеaрна субвенција за сите тутунари

Европски денови на културно наследство – повеќе настани во организација на Завод и Музеј Прилеп

Пела Редакција

Роденденска прослава на Прилепска Пиварница-петок, сабота и недела времен режим на сообраќајот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе