16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Уште еден пораз во плеј аутот на РК Прилеп

Ракометната екипа на Прилеп со засилувањата Петкоски, Бозароски, Ангелоски и Димоски само во првиот дел успеа да им се спротистави на Радовиш во рамките на второто коло од плеј аутот на ракометната Суперлига. Првите 30 минути завршија со резултат од минимална негатива, 15-16. Но , во второто полувреме на сцена стапија Илиев и Мајиќ, па Радовиш релативно лесно стигна до предност од шест голови, а крајниот резултат изнесуваше 29: 34. Најдобар стрелец кај гостите беше Мајиќ со 11 голови, осум постигна Илиев, а по пет пати во листата на стрелци се запишаа Ѓорѓиев и Соколов. Во домашниот тим Амзоски имаше седум погодоци, додека Нешкоски покрај своето име запиша шест.

Колку беа корисни засилувањата од ветераните на денешниот натпревар говори податокот дека само пред две седмици РК Прилеп доживеа дебакл во Радовиш со резултат од 41: 24, додека денеска разликата изнесуваше само 5 голови.

Би можело да ве интересира

Што му донесе “Дедо Мраз” на фудбалски Прилеп во 2023 година ? (ФОТО)

Интервју со Гоце Макалоски, Претседател на „Локален спортски сојуз – Прилеп“

ПРИЛЕПСКА ДЕСПИНА Е СЕДМА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе