5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Ќе се врши ревизија на парите потрошени за мостот кај „Сточен пазар„ и за целокупното финансиско работење на предходната локална власт

Во каква е финансиска кондиција на општина Прилеп? Колкав е долгот и обвврските на предходната локалната власт и дали тоа ќе влијае  врз крирање на буџетот за најавените проекти за идната година?! За ова денеска информираше  Ирена Стерјоска Локвенец, заменик градоначалничката на Општина Прилеп, изнесувајќи ја финансиската состојба на Општина Прилеп која е затекната после локалните избори 2021 година.

„Вкупните обврски, со кои ја превзедовме локалната самоуправа, во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваат висок износ од 292.562.164,00 денари. Овој Висок износ на обврски оставени од претходната локална власт предводена од СДСМ можно е да го доведат под ризик извршувањето на Буџетот во 2022г.„-наглси таа,посочувајќи дека ризик фактор за извршувањето на Буџетот ќе претставуваат и судските спорови, особено судскиот спор кој е поведен од изведувачот на реконструкцијата на мостот на градската река на улица Трајко Николоски,кој чини над пола милион евра.

Во минатото време кога ВМРО ДПМНЕ бевме опозиција, реагиравме по информациите со кои тогаш располагавме,дека има сомнителни и спорни постапки во овој предмет и проект. Тоа сега и го увидуваме преку документацијата од каде лесно може да се констатира дека и покрај поминатиот временски период за реконструкција, првиот договор е склучен на 10.05.2019г. со времетрање од 365 дена, сепак на 18.12.2020г. или 7 месеци по пробиениот рок склучен е анекс договор со што вредноста на првичниот договор е зголемен за 4.150.206,00ден. Она што исто така е интересно , е тоа што овој мост беше пуштен во употреба во декември 2020г во присуство на министерот за транспорт и врски г-н Бочварски, а на 30.03.2021г. повторно е склучен нов анекс договор кој го поништува анекс договорот од 09.04.2020 со бр. 03-50/12. Вредноста на мостот кај сточен пазар стигна приближно 600.000 евра.„-рече таа и нагласи дека   при анализата на финансиската документација била разгледана и ставката на привремени вработувања.

 

 „Рекапитулацијата на оваа ставка во период од 2018 до 2021година е фантастични 66.468.765,00ден. Од тука може да се види на кој начин се водела кадровската политика на ниво на нашиот град. Само за споредба, во период од 2013г. до 2017г. на оваа ставка биле потрошени 5.400.000,00ден.„- посочи Стерјовска

Таа на прес конфернција не информира колкав бил бројот на работно анажирани лица со договор на дело вработени во општината, но  нагласи дека овие високи средства на буџетски пари ќе делуваат на сметка за намалување на средства за капитални расходи при планирањето на Буџетото за 2022 г., „кои можеле да бидат наменети за некои капитални проекти.„

„ Ова е само еден дел кој сега го изнесуваме пред прилепската јавност за финансиската состојба и ризици за општината, како и одредени финансиски можни злоупотребикои ќе треба да ги истражат соодветни правни, финансиски и ревизорски инстанци“, изјави Ирена Стерјоска Локвенец како заменик градоначалник на Општина Прилеп.

Таа посочи дека ќе има ревизија за работењето на локалната валст од 2017 до 2021 г..

 

Би можело да ве интересира

Статутот на Советот на Општина Прилеп ќе претрпи измени

Пела Редакција

Манифестација „Од 0 до култура“ – вечерва прилепската група „The Flames“

Прилепчанка: „Не може Комуналец да наваса, колку што ние можеме да покењаме…“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе