Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Фокус на овој ден е градењето на подобар свет за лицата со попреченост, свет кој ќе биде инклузивен, пристапен и одржлив. Темата за оваа, 2021 година, под која ОН го одбележуваат денешниот ден е „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, достапен и одржлив пост-Ковид-19 свет “.
По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3-ти Декември градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид 19, Борче Јовчески ги посети децата со попреченост кои ссе дел од образованиот систем и селдат настава во ООУ „Климент Охридски“ . А,тие го изненадија со песнички и хуманитарната акција насловена „Од деца за деца“, каде ученици од сите училишта за овој ден изработениле новогодишни и божнични честитки со пораки, кои по симоблична цена беа понудувани на посетителите.
Честитки си купи и градоначалникот , а собраните средства ќе бидат наменети за потребите на учениците од центарот за поддршка на учење.
Сите се сложија дека не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите туку тоа треба да биде секој ден.
„Јас во мојата програма наведов дека ќе ги подобриме условите за работа и функционирање во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“ и останатите центри, како и ќе придонесам за зголемување на кадарот на стручно вработени кои работат со тие децаи активно ќе работиме на подобрување на нивната еднаквост во општеството и нивното функционирање“, истакна Јовчески
ООУ „Климент Охридски“ е единствена образован инситуција во Прилеп каде има паралки за едукација на лицата со пореченост, Новопоставениот дириктор, Ахил Јаков истакна дека овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кој ги имаат и со кој се соочуваат лицата со попреченост и дека тие како оосновно училиште кое е трансформирано да врши ,образовна, едукативна функција за децата со попреченост ,настојуваат во секој сегмен да се борат против стереотипите каде се семта дека попреченоста е бариера за едукативен развој.
По повд 3 ти Декември Светскиот ден на лицата со попреченост не изостана посетата на приот човек од градот, во дневниот центар „Ѕуница“, во дневен центар за деца заболени о церебрална парализа ,како и во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА-Прилеп. На средбите кои се одвиваа според веќе донесените протоколи Јовчески имаше можност да се запознае со тековните работни активности прилагодени на нивните потреби.
Инаку, повеќе од една милијарда луѓе или приближно 15% од светската популација, живеат со некоја форма на попреченост,а Меѓународниот ден на лицата со попреченост само потсетник дека тие лица ги заслужуваат истите прав како секо друга човечка единка на планетата Земја