30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ЛС Прилеп: „Времените договори не беа раскинати, туку престанале да важат“

Во врска со обвинувањата искажани на вчерашниот протест од група на поранешни привремено вработени во неколку општински институции и локални јани претпријатија, денеска од пиар службата на локална самоуправа Прилеп ја доставија следната реакција во која се вели:

„Почитувани сограѓани, го разбираме вашиот револт со кој се соочувате, но сметаме дека треба да одговориме за нештата да бидат појасни.

Проблемот со времено ангажираните лица е во лошата кадровска политика на претходната локална власт. Вработувањата во градинките се направени на измислени работни места, односно бројот на вработени според систематизацијата на работни места бил неколку пати надминат. Жалиме што овие наши сограѓани биле само искористени, за денот на избори и искрено жалиме за лажната надеж што им била давана од претходната локална власт како во наивна детска игра. Некои од вработените не биле со соодветно образование за нивните позиции, некои со недоволен број на кредити за работните места каде што биле ангажирани.

Да биде уште појасно, не станува збор за никаков реваншизам, по ниту еден основ.

Потенцираме дека договорите на овие вработени не беа раскинати туку времето на кое биле склучени завршило и договорите престанале да важат“, се вели во реакцијата од локална самоуправа Прилеп.

Би можело да ве интересира

По четврт пат „Ќе се гради затворен базен во Прилеп!“ – Агенцијата за млади и спорт бара од Општина Прилеп да се обезбедит локации за изградба на затворен базен

Тројца тешко повредени-возило излетало од регионалниот пат Прилеп-Битола

Започна продажбата на билетите за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе