Никој не се сеќава кога Слога од Виница постигнала успех на гостување во Прилеп, но ете и тоа денеска се случи. Овој тим со 2:1 ја совлада домашната Победа, пред околу 2000 прилепски навивачи. Беше дерби кое може да го одлучи есенскиот првак во Втората фудбалска лига – Исток.
Победа – Слога Виница 1-2
https://www.facebook.com/ShampionMK/videos/236944808522982
Гостите играа борбено, пожртвувано во одбраната и со брзи контри беа опасни во нападот. Поведоа со 1:0 преку капитенот Иван Митров во 26. минута, а на 2:0 зголеми Давид Димитров во 64. минута. Надежта кај прилепскиот тим ја врати Дарко Анѓелески со голот од пенал во 77. минута, но до крајот мрежата на прилепчанецот Ѓорѓи Јованоски кој го чуваше гостинскиот гол, не се затресе. Гостите се израдуваа на победата и трите бода со кои се на чекор до насловот есенски прваци.
РЕЗУЛТАТИ: Победа – Слога 1:2, Кит-Го – Братство 2:1, Беласица – Кожуф 1:1, Детонит – Саса 1:3, Локомотива – Осогово 1:1. ТАБЕЛА: Слога 31, Саса 27, Победа 26, Беласица 24, Кит-Го 19, Осогово 18, Кожуф и Детонит по 14, Локомотива 6, Братство 4.
ИДНО 14. КОЛО 7.12.2021, 13,00 ч: Осогово – Победа, Братство – Локомотива, Слога – Детонит, Саса – Беласица, Кожуф – Кит-Го.
ЛИНК ВИДЕО https://www.facebook.com/ShampionMK/videos/236944808522982/