-3.2 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Над 700 илјади евра европски средства за подобрување на активниот туризам во Крушево

Општина Крушево со средства од Европските фондови -Прекугранична соработка ќе ја подобрува спортско – туристичката инфраструктура за промоција на градот во меѓународни рамки. Грантот во висина од над 700 000 евра е во рамките на прекуграничната соработка со Албанија, општина Елбасан, Албанија, а се вклучуваат и неколку организации. Градежните зафати кои се планирани вклучуваат: изградба на паркинг до  параглајдинг полетувалиште заедно со хортикултурно уредување на барање на   параглајдеристите кое ќе се комплетира по поставувањето на нова вештачка трева и изградба на објект; поставување на две станици кои ќе го мерат квалитетот на воздухот, брзина и насока на ветрот. Воедно, од останатите активности планирани се изградба на „Даунхил“ патека за одржување на натпревари во планински велосипедизам на високо, професионално ниво; ЛЕД осветлување на градот; промотивни активности на Крушево како атрактивна туристичка дестинација, како и обуки и надградување на капацитети на угостителскиот сектор.

„Продолжуваме со работа во туризмот. Градиме инфраструктура и меѓународно го промовираме Крушево. Изминатите месеци интензивно работевме на проектот за прекугранична соработка со Албанија и успеавме да го добиеме грантот. Крушево има иднина во туризам!“, посочи градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

ПОРТРЕТ НА ЕСЕНТА-РАЗГЛЕДНИЦА ОД КРУШЕВО (ФОТО)

Пела Редакција

Дел од главната сообраќајница во Крушево затворена, екипите работат на канализацијата

Крушево низ корија – 10 то јубилејно дружење

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе