5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Од фарма – до трпеза, Живинарска фарма Долнени

Јајцата се дел од секоја кујна и домаќинство, но најбарани и најзастапени се пред и за време на Велигден. Најважно од се е да се набават свежи јајца, зашто било да се приготвуваат за торти, слатки и други специјалитети, или пак да се вапсуваат, од напред се знае дека ќе бидат повеќе денови сварени или зготвени, а најчесто поставени во специјална корпа неколку денови на домашната трпеза за послужување. Затоа, домаќинките знаат, за Велигден подготовките започнуваат со набавка на свежи и здрави одбрани јајца со кои треба да се снабдат најдоцна до средата пред празникот.

Живинарска фарма Долнени, веќе деветта година, по реконструкцијата на старата фарма, го збогатува регионалниот пазар за здрави, квалитетни и свежи јајца. Препознатливи по задоволувањето на високите стандарди потребни за одгледување на живина и производството на јајца, за добрите домаќини нема дилеми од каде треба да се изврши набавката на овој важен прехранбен продукт за секое семејство. Живинарска фарма Долнени е најголем производител на јајца во регионов, со капацитет на дневно ниво од 35 илјади јајца, што значи дека редовно ги подмируваат потребите на голем број подобро снабдените маркети во Прилеп и Битола. Но, за оние најпребирливите, секојдневно можат да ја посетат специјализираната продавница во старата чаршија кај споменикот од Итар Пејо, пред влезот од Градскиот пазар. Таму, во пресрет на празникот на „лагер“ можат да бираат, бели, браун, помали или поголеми јајца потребни за вапсување или готвење.

Секојдневно директно од Живинарска фарма Долнени на штандовите од нивнатапродавница се нудат јајца селектирани во 4 категории според европската класификација за малопродажба : XL единечна тежина на производот од над 73 грама, L од 63 до 73 грама, М од 53 до 63 грамски и најмалите јајца со тежина под 53 грама.

      Цените се движат од 160 до 200 денари за корпа од 30 јајца.

Многумина не ја знаат разликата помеѓу здраво, природно јајце и нездраво јајце произведено во несоодветни и нехумани услови. Многумина не знаат колку е важно да се консумираат здрави јајца што потекнуваат од кокошки одгледувани на фарма според современи стандарди.

– Најважна за нас е грижата за квалитетот на производот, што значи задоволување на високите стандарди за производство на храната, не само според барањата на македонските мерила, туку уште повеќе според европските барања. Следниот наш чекор е извоз во земјите од Европската Унија, вели Борче Василески од Живинарска фарма Долнени.


Денес 9 години по реконструкцијата и ревитализацијата на старите објекти Живинарска фарма Долнени, ја сочува традицијата за производство на јајца, но исто така е препознатлива и по редовната надградба и усовршување на процесот на производство, паралелно со облагородување на животната средина на кокошките – несилки. Компанијата е една од трите живинарски фарми кои годинава ги исполнија сите потребни услови за користење европски средства за поддршка на земјоделството од програмата ИПАРД 2, кои ќе ги искористат за натамошна модернизација на фармата.

Би можело да ве интересира

МТФ„Вoјдан Чернодрински“ ќе започне на 8-ми јуни -12-сет претстави во конкуренција

Елизабета Филипоска

Запалил сува трева и предизвикал пожар, полицијата го приведе

Пела Редакција

Штетата од невремето во јуни проценета на 61.347.000 денари

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе