-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Во населбата Жабино Маало традиционално се прославува празникот „Св. Никола

Еден ден пред големиот православен празник  „Свети Никола“ во населбата Жабино Маало се одржува традиционално одбележување . Жителите од оваа прилепска населба, со богата посна трпеза и топли напитоци и со желби за успех го слават патрониот празник на Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески и Претседателот на Совет на Општина Прилеп  Дејан Проданоски денеска беа присутни на традиционалната прослава на празникот „Свети Никола“ во населбата Жабино Маало

Градоначалникот Јовчески го честиташе христијанскиот празник Св. Никола посакувајќи здравје, среќа и бериќет во домовите на сите граѓани. Воедно ја искористи приликата да ги покани сите прилепчани за утрешната прослава на патрониот празник на Прилеп. Одбележувањето ќе започне со Свечена божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, а централниот настан по традиција се одржува кај параклисот во центарот на градот, кога ќе биде прережан славскиот колач и означен новиот домаќин за следната година.

Годинешните домаќини Гоце и Александар Стојкоски, исто така го честитаа празникот на сите присутни и порачаа дека чувството е прекрасно и до година да бидат уште побројни.

Домаќин за наредната година се пријави Ракометниот Клуб Прилеп.

 

 

 

Би можело да ве интересира

(фото) Како знак на почит кон верата осветен голем крст во населбата Жабино маало

Елизабета Филипоска

Замрзната слика на (не)чисти улици

Елизабета Филипоска

Рамазан Бајрам празник кој го слави духовното и телесното прочистување

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе