Ако се направи ретроспектива на годината што изминува, најголемата прилепската текстилна компанија „Комфи Ангел“ – Прилеп, се вбројува во една од македонските текстилни компании која ја завршува стабилно оваа година, и со приходите, и со целокупните капацитети, „што укажува дека компанијата стабилно стои на својот пат за реализација на својата децениска мисија и визија „Градиме компанија која што ќе постои и после нас“, велат од менаџментот на оваа компанија.
„ Меѓутоа, да не заборавиме на она што е највредно во компанијата, тоа се секако луѓето. Без вработените секако дека не би можеле да ги постигнеме овие резултати. Компанијата континуирано е во фокусот на квалитетот на работната сила и на тоа како таа работна сила се чувствува во компанијата. Токму поради тоа, менаџментот донесе одлука во интерес на вработените, за време на празниците да се замине на колективен одмор од 10 дена. Првиот работен ден започнува на 10 ти јануари, 2022 година. Па, ја користиме оваа прилика на сите вработени да им посакам пријатен одмор за време на колективниот одмор, да го посветат времето, пред се’ на себе си, на своето семејство и во мир да уживаат во овие прекрасни празници, па одморени психички, физички, посреќни да може заедно да ги прифатиме предизвиците во новата 2022 година. Работниците за својот овогодишен ангажман ќе добијат и награда, бонусот, кој ќе им биде исплатен во декемвриската плата. Менаџментот одлучи, како благодарност за се’ во оваа година, секој од вработените да добие дополнителн бонус од 1 000 денари за Нова Година покрај приходите, покрај 13 тата плата, покрај регресот К 15, кој што веќе започна да се исплаќа; Благодарност, и чест, и почит за се‘ она што партиципирале и направиле во претходната година, што заедно сме се избориле со сите предизвици, со кои што компанијата се соочуваше во годинава што изминува“ – посочи Јакимовска.
Но, и покрај предизвиците со кои се соочи компанијата во оваа 2021 година: здравствената криза предизвикана од пандемијата која влијаеше врз глобалната економија, енергетската криза, нестабилноста на цената на репроматеријалите, максимално зголемени трошоци за континиерскиот транспорт, намалени инвестиции, компанијата Комфи Ангел, успеа голем дел од своите капацитети да ги исполни и за нареднава, 2022 година. „Најважно е да имаме работа!“,велат од компанијата.
„Кога се работи, пак, за компанијата најважно е да имаме работа, за да може потоа заедно сите да се надоградуваме со цел да направиме зголемени профити за да овозможиме зголемување на животниот стандард. Кога сме кај капацитетите се радувам што истите се полни. Се работи за буџетот за 2022 година и се разгледува можноста за зголемување на животниот стандард во континуитет, како и претходните години, затоа што треба да се носиме соодветно со процентот на инфлацијата, која што во моментов ја имаме како резултат на глобалните случувања. Меѓутоа, најважно е компанијата да ја задржи ликвидноста и да се прилагодиме на сите новонастанати ситуации кои што сигурно ќе бидат како предизвик во 2022 година. А каде ќе бидеме во иднина само зависи како ние се однесуваме спрема компанијата во сегашноста – во овој момент. Уште еднаш им благодарам на сите оние кои што со најдобра енергија, со позитивна енергија се однесуваат кон компанијата и честито и одговорно си ги извршуваат своите работни задачи,“ – потенцира Јакимовска.
При своето редовно месечното обраќање до вработените Јакимовска потсети дека пандемијата сеуште е присутна и потенцира на важноста од грижата на здравјето и од името на менаџментот им посака на вработените мирни празници исполнети со среќа, љубов, мир, малку повеќе храна, одмор и здравје „И, да се гледаме во наредната година, посреќни ,повесели и секако побогати со ново искуство. За многу години празниците!“- им посака Ирена Јакимовска на своите 800 вработени.