8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Општина Новаци донира новогодишни пакетчиња за Здружението на лица со оштетен вид

Новогодишните и божиќните празници се период за податоци и радост.  Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, денеска од негово  име, од името на Општината  и Советот, донираа новогодишни пакетчиња за дечињата во Здружението на лица со оштетен вид во кој членуваат 15 жители од Општина Новаци. Средбата на која присуствуваа Драгче Брдаровски, претседател на здружениетот и Лилјана Корлевска, стручен соработник и администратор беше повод и за разговор за идните активности, реализација на заеднички проекти, со цел надминување на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со оштетен вид.

Како едно од најзначајните прашања беше потенцирана  потребата од ангажирање на лични асистенти кои им се неопходни на лицата со оштетен вид заради остварување на нивните секојдневни активности.Здружението на лица со оштетен вид брои 200 членови, а делува на регионална основа, при што ги опфаќа5 те општини од регионот: Битола, Демир Хисар, Могила, Новаци и Ресен .

Би можело да ве интересира

Тампонирање на локални патишта, улични светилки, чистење на каналите за атмосферска канализација… бараат жителите од Општина Новаци

Елизабета Филипоска

Дваесет и четврти по ред Пелагониски културно –научни средби во Новаци

Пела Редакција

Општина Новаци бележи 26 години постоење како општина

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе