17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Прилепските најмлади џудисти ќе ги одмеруваат силите !

ЏК Сеишин Прилеп организира меѓу-клупски градски турнир во џудо за најмладите категории џудисти ( деца и помлади пионери) во машка и женска конкуренција. Спортскиот настан кој што е традиционален, а учество ќе земат домаќинот ЏК Сеишин Прилеп, ЏК Санкаку Прилеп и ЏК Прилеп-Прилеп. Турнирот ќе се одржи на  24 ти декември, петок во 19. 30 часот  во спортската сала на ООУ Кочо Рацин Прилеп каде се одвиваат и тренажните активности на овие клубови, а согласно протоколите без присуство на публика.

Воедно, ЏК Сеишин Прилеп ќе ги прогласи најдобрите џудисти од клубот за 2021 година.

Би можело да ве интересира

Лазаров е новиот селекор на македонската ракометна репрезентација, но останува и капитен

Елизабета Филипоска

Победа ја симна Шкендија од челното место

Гордана Цветаноска

Три прилепчанки во борење ќе настапат на балканското првенство во Букурешт (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе