9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

Храна за сите – Банка за храна донираше пакети за социјално ранливи семејства во Новаци

Здружението Храна за сите – Банка за храна донираше 40  пакети ќе  бидат дистрибуирани на  семејства од Општина Новаци. Соработката на Здружението со Општината ќе продолжи беше речено на денешната средба меѓу Душко Христов, директор на  Храна за сите – Банка за храна и  градоначалникот Стевче Стевановски.

-Разговаравме за активностите на здружението како и за нашата идна соработка, заедничките активности и проекти за доброто на  граѓаните кои се окарактеризирани како  социјални случаи со посебен осврт околу можноста за складирање на храна и лоцирање на најсиромашните семејства на кои оваа помош  им е најпотребна,“ посочи Стевановски.
Средбата заврши со потпишување на меморандум за соработка помеѓу Општина Новаци и Здружението Храна за сите – Банка за храна, со кој документ се определува начинот и  реализацијата  на активностите околу обезбедувањето на социјална помош и поддршка, храна, хигиенски и материјални средства на лицата со социјален ризик на територијата на Општина Новаци.

Би можело да ве интересира

6000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Гордана Цветаноска

НОВИ ТРОТОАРИ И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

Елизабета Филипоска

Општина Новаци започна со планирање на Буџетот за 2023 година

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе