11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Општина Новаци ќе ги субвенционира домаќинствата за набавка на климатизери

Општина Новаци денеска  објави јавниот повик за набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди на кој можат да аплицираат жителите општината. Распределбата на средствата за субвенционирање на овој јавен повик ќе се врши врз основа на уредна и комплетна документација според редоследот на поднесување на пријавите. Неуредните и некомплетните  документации ќе бидат отфрлени и нема да бидат земени предвид при одлучувањето и распределувањето на средствата за субвенционирање.

Максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател – носител на домаќинството изнесува 20.000,00 денари во бруто износ со вклучен персонален данок. Доколку трошоците за набавка се повисоки од максималниот износ на субвенцијата , разликата над тој износ останува на трошок на барателот.

„Вкупната сума на обезбедени средства ќе изнесува 1 милион денари за овај повик и се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци, тоа го направивме како ребаланс на буџетот за оваа година, ако заинтересираноста и ефикасноста на овај проект е позитивна во наредната година ќе предвидиме мерка која исто така ќе ја продолжиме во насока на заштита на животната средина и субвенционирање на набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди “, посочи градоначалникот Стевчо Стевановски.

Целта на јавниот повик е да ги стимулира домаќинствата во општина Новаци за користење на  извори на енергија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, да ги заменат печките на тврди и фосилни горива кои ги користат за затоплување на станбениот простор во кој што живеат, преку субвенција за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица – жители на општина Новаци, кои се носители на нивните домаќинства кои жителството ќе го докажат со поднесување на копија од важечка лична карта или патна исправа, барање, имотен лист, изјава заверена на нотар и фактура или фискална сметка за набавка на високоефикасен инвертер клима уред во периодот од денот на објавувањето на јавниот повик до крајниот рок за пријавување односно 19.11-19.12.2021 година.

Пријавувањето за јавниот повик ќе биде лично со доставување на документите во плик во архивата на општина Новаци .

Би можело да ве интересира

Расте посетеноста на Фестивалот „Вен ин Крушево“

Гордана Цветаноска

Фестивал на жетвата од денеска во Новаци

Гордана Цветаноска

Против осум лица СВР Битола поднесе кривични пријави за предизвикување пожари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе