1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Буџетот на Општина Крушево за 2022 ќе биде наменет и за подобрување на јавната чистота

Советот на општина Крушево го усвои буџетот за 2022 – ра година кој  изнесува 197.367.000 и  предвидува многу проекти според  приоритетите на граѓаните на општина Крушево. Буџетот на Општина Крушево за  2022-ра  е оценет како развоен и означува реализација на тековните проекти, отпочнување на нови и создавање основа за идни имплементации по развојните програми на Општината, смета градоначалникот на Општина Крушево.

Во буџетот за 2022-ра година општината  предвидува средства за доисплаќање на тековни проекти, а во делот на донации влегуваат  финансиите преку проектот за активен туризам во рамки на прекуграничната соработка со Албанија.

„Во буџетот за наредна година одделуваме и повеќе средства за јавна чистота за да одговориме на предзвиците од оваа област. Инвестициите во јавната чистота и генерално во областите на работа на комуналното претпријатие ги провлекуваме секоја година. Набавивме метларка, контејнери, косилка, трактор со плуг за снег, камион за отпад, а со одлука на Владата во 2022-ра ќе добиеме уште еден камион за отпад и теренско возило“, потенцира градоначалникот,  Томе Христоски.

Градоначалникот на општина Крушево ги повика советниците да го поддржат овој предлог буџет заради рекордните инвестиции во образованието што ќе следуваат, како што се реновирање на училиште во Борино, тековната постапка за реконструкција и доградба во Бучин и Пресил и подготовката на техничка документација за училиштата во Алданци и Врбоец, фокусирање на локалните улици и патишта, како патот до манастирот Св. Спас и Врбоец, Св. Митрани до Кривогаштани и секако инвестициите во туризмот.

Би можело да ве интересира

Крушево вистинска дестинација за велигденските и првомајските празници (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Крушево – град на културата за 2023 година

Збогатен шумскиот фонд во Крушево, засадени над 100 дрвца

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе