3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Миркуловски – Победата против Данска за мене е триумф на сите времиња (ВИДЕО + ФОТО)

“Знаев да им бидам добар другар , се поставив кон нив и како родител затоа што се грижев и за нивните активности надвор од спортот и секако се поставив и директорски за да се направи некоја граница на однесување но и да има почитување еден кон друг”, вака вели Марко Миркулоски некогашниот спортски директор на ракометната репрезентација на Македонија за генерацијата за која тој ја напиша и неодмна ја  промовираше  својата книга „Пенал за финале“. Тема на книгата е младинското Европско првенство во Полска во 2002 година каде што Македонија го освои четвртото место. На наше задоволство , Миркулоски кој е татко на македонскиот репрезентативец , Филип Миркулоски беше гостин во нашата емисија ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО .

Преку својот роман , Миркуловски не само што го архивираше успехот на генерацијата од која подоцна се гордее цела нација , туку и ни  презентира колку е важно една селекција да биде сплотена , дисциплинирана и без респект кон противникот. Тој вели дека за него триумфот против Данска  (25:24) е најдрага  победа на сите времиња ,  каде ракометарите тука покажале колку е часот и колку вредат како репрезентација.

Гостувањето на некогашниот голман и спортски работник Миркуловски во целост можете да го погледнете во видеото подолу.

Би можело да ве интересира

ЏК Сеишен, викендов, со медалји од два турнири

На Градски утре “премиера” на Победа

Гордана Цветаноска

ДЕСПИНА СО СИЛЕН ЗАЛЕТ: 2 КОЛА – 6 БОДА

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе