1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Проданоски: Ковачевски дојде во Прилеп и ја избегна Локалната самоуправа и Градоначалникот

Прес конференција денеска одржа претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски, на која тој посочи низа обвинувања за очигледно намерното избегнување на премиерот Ковачевски да се сретне со претставници од локалната власт. Ја пренесуваме во целост:

„Денес со ароганција, Димитар Ковачевски дојде во Прилеп за да се прошета, покажувајќи дека е ист како неговиот претходник Заев, човекот што го постави за премиер, без да ја добие довербата од граѓаните. Можеби и заради тоа смета дека не треба да има почит кон нив.

Прилеп е град во кој, кога ВМРО-ДПМНЕ е на чело, се почитуваат редот и домаќинлукот. А Вие Ковачевски, очигледно не го знаате тоа, ниту пак знаете правила и закони.

Сте дошле во Прилеп, а го прескокнувате Градоначалникот и Локалната самоуправа! Вие и Вашиот тим, покрај Вашата ароганција, се одликувате и со незнаење.

Децентрализацијата во Македонија е започната пред повеќе од 17 години и со неа училиштата се во надлежност на Локалната самоуправа, т.е. во случајов одговорен и надлежен е Градоначалникот во Прилеп.

И Вие денес сте решиле да ја избегнете Локалната самоуправа, сте решиле да избегнете средба со градоначалниот на Прилеп немајќи храброст да се сретнете и поразговарате за проблемите не само во образованието, туку и во земјоделието, за проблемите на дуќанџиите, итн. Вашето незнаење доведе до енергетска криза во Македонија, па не само нашава општина, туку и сите други ќе треба по 2/3 од буџетот да даваат за плаќање на ненормално високите сметки за струја и сигурно за здравствената криза од која Прилеп е еден од најпогодените градови во Македонија.

Ако имавте храброст да се сретнеме немаше да изоставиме да Ви кажеме оти денес сте во Прилеп, градот народен херој, градот во кој пукнала првата пушка против бугарскиот фашистички окупатор.

И денес, кога секој човек знае дека сте на оваа функција само за да ја избришете македонската историја, Ние прилепчани Ви порачуваме –

На крај памет да не Ви иди да влегувате во таква авантура! Оваа реченица секојдневно нека Ви одѕвонува во главата!

Г-дине Ковачевски, од кога Заев Ве седна во неговата фотеља, не сте пробале да решите ниту еден проблем. Се гледа дека сте мераклија на чалам и сликање.

Да Ве потсетам, а воедно и да Ви порачам –

– Пред само 3 месеци граѓаните на Прилеп ги казнија ароганцијата, непочитувањето на другите, неработливоста и криминалите на СДСМ во Прилеп. Пред 3 месеци,на вашиот ментор Заев му кажавме дека тоа беше неговото последно идење во Прилеп како премиер.

Денес и Вам Ви порачувам, ова е Ваше прво доаѓање во Прилеп како премиер, ама и едно од последните .

Ќе бидете казнет на наредните предвремени парламентарни избори, за кои не треба да ги лажете вашите сопартијци дека нема се одржат.

И Ковачевски научете закони и надележности,“ рече Проданоски.

 

Би можело да ве интересира

На крајот на јуни СДСМ ќе избира претседател на партијата

Кои предлог економски мерки ги достави советничката група на ВМРО ДПМНЕ Прилеп до Советот на Општина Прилеп

Илиеска: советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе направи се’ за да го спречи поскапувањето на услугите на јавните претпријатија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе