5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Наместо суперлигашки натпревар, Прилеп и Тивкеш одиграа како на тренинг

Екипата на Прилеп одигра слабо и неквалитетно пред својата публика, без жар, динамика и квалитетна реализација, со многу промашувања на поединци и пропусти во одбрата, на вечерашниот натпревар  во битката за плеј-офот во Суперлигата. Тиквашани дојдоа во Прилеп, да победат и тоа го направија изнандувачки лесно, со брзи акции и контранапади, па мрежата на  прилепскиот голман само за 10 минута од натпреварот беше наполнета со 9 гола, а од другата страна домаќинот постигна едвај два гола.

Потоа мала надеж за домаќините, дека тоа е само лош старт и доближување на 4 голови разлика, да повторно, за само неколку миниути, госите да ја зголемат разликата највисоки плус осум  4-12, а пота 6/7 голови повеќе за кавадарчани останаа речиси во текот на целата игра, до крајот на полувремето, за на одмор  да се замине со резултат 12:17.

Но, наместо поборбени, мотивирани и со поголема самодоверба во вториот дел од натпреварот, домашните ракометари покажаа уште послаба игра со многу промашувања на „зицери„, пенали, технички грешки во додавањата, па натпреварот,  која патем не наликуваше на суперлигашки натпревар, меѓу РК Прилеп и ГРК Тиквеш заврши со резултат 24: 31.

Тренерите и на двете екипи, поради оваа игра, им даода шанса на сите играчи, особено на двата помлади голмани и од едната и од другата екипа, а за прилепското лево крило Бикоски, натпреварот заврши предвреме поради приговор на судиската двојка, која му покажа црвен картон и дисквалификација со што екипата на Прилеп во последните 10 минути од натпреварот одигра со играч помалку.

Би можело да ве интересира

Успешен пролетен старт на ЖРК „Деспина„

Елизабета Филипоска

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Кико со даунов синдром растура на татамите (ВИДЕО + ФОТО)

Каратистот Златко Димоски – тренер на австралиската репрезентација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе