Аранжманите ги прилагодуваме според условите , ако не можиме во далечни земји како на пример Шпанија , Италија , Франција кои во денешно време воведуваат построги мерки, тогаш ние се ориентираме на земјите од соседството , истакна директорот на туристичката агенција БРАН ТУРС Прилеп , Бранко Карески , за време на неговото гостување во нашата програма во живо РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА.
https://www.facebook.com/radiopela/videos/639292277327517/
Со своето триесетгодишно искуство и со соработка со проверени партнери од странство , БРАН ТУРС Прилеп го одржува брендот а пред се и квалитетот со туристички дестинации од кои и до денес се задоволни нашите клиенти , вели Карески и покрај проблемите со кои се соочуваат туристичките агенции во Македонија.
За ограничувањата при патувањата , за тоа како и колку балансираат туристичките агенции со цел да опстанат во услови на пандемија , за туристичкиот сектор кој е меѓу првите погодени од пандемијата , во продолжение погледнете го разговорот со нашиот гостин од една од најстарите туристички агенции во Прилеп , Бранко Карески.