30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во општина Прилеп регистрирани 62.082 граѓани со право на глас

Во Прилеп се регистрирани 62.082 граѓани со право на глас кои в среда ќе можат да гласаат на едно од 142-те избирачки места. Своето право на глас на претседателските избори утре 23.04 во Прилеп ќе го остварат болните, изнемоштените лица и затворениците. Во своите домови утре ќе гласаат 291 болно и изнемоштено лице, а во Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ ќе гласаат 68 штитеници од повеќе градови. Во прилепскиот затвор своето право на глас ќе го остварат 104 затвореници.

Во општина Кривогаштани регистрирани 4 428 избирачи кои в среда на првиот круг од претседателските избори своето право на глас ќе можат да го остварат на едно од 13-те избирачки места. Утре своето право на глас ќе може да го остварат 56 болни и изнемоштени лица.

Би можело да ве интересира

Двајца починаа, 34 се заболеа во последните 24 часа – ќе се воведува ли полициски час?!

Со конзервацијата, ќе биде достапна и за посетители, античката населба Колобаиса,Трескавец

Максим Димитриевски ја промовираше претседателската програма од Крушево

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе