-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Крушево се подготвува за Светско првенство во змајарство

Од 7-ми до 13-ти август во Крушево ќе се одржи тест  23-тото Светско првенство во змајарство класа 1и 9-тото Светско првенство во змајарстввo . Овој настан е најава за Светското Првенство кое беше одложено минатата година.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски најави дека Крушево ќе биде центарот на авантуристичките збиднувања ова лето, а општината продолжува со инвестиции на полетувалиштето на Мечкин камен.
„Крушево ќе биде центарот на параглајдинг и настаните во змајарство ова лето. Очекуваме натпреварувачи и туристи од целиот свет. Сите настани доаѓаат во време кога полетувалиштето е со нова вештачка трева и двојно поголемо и со објект кој е во завршна фаза на изградба. Тековно, започнуваме со имплементација на проект дел од Програмата за прекугранична соработка со Албанија кој вклучува изградба на паркинг и поставување на мерни станици на полетувалиштето, меѓу другите активности.“, потенцира Христоски
На натпреварите се очекуваат до 130 учесници, а Светското првенство ќе се одржи од 6-ти до 19-ти август 2023 година

Би можело да ве интересира

Со Дац & Александар, вечерва завршува „Десет дена Крушевска Република“

Гордана Цветаноска

На Гумење полицијата пред граѓаните ќе презентира дел од својата опрема

Елизабета Филипоска

Пуштено во употреба целосно реновираното подрачното училиште при ОУ „Никола Карев“ во с. Борино, крушевско

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе