7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Комуналец Прилеп: Исчистивме над 20 диви депонии, акциите продолжуваат

Изминативе 2 месеци ЈКП Комуналец главен акцент ставил на расчистување на дивите депонии во околината на Прилеп покрај пристапните патишта и влезови/ излези од градот. Со прилагодување на временските услови, во зимскиот период први на удар беа попатните депонии кон вештачкото езеро, на локации која што редовно се посочуваат од граѓаните. При тоа според службите на ова јавно претпријатие биле транспортирани околу 60 м3 отпад на депонијата Алинци.

Големата акција за справување со отпадот кај излезот од Прилеп (Салида до Бензиска станица ЛУК ОИЛ) само потврди дека потребен редовен надзор и поголема соработка со граѓаните од кои се очекува да алармираат до Комуналец за новонастанати депонии. Рекордни 600 м3 секаков вид на отпад биле транспортирани од локацијата која што треба да биде сликата на градот при влезот од кај Паркот на Могилата.

Екипите на Комуналец во текот на јануари продолжија со работа кај Заполшки мост ( 100 м3), на обиколниот пат Жито Прилеп до Варош (120 м3) и околу Работничкиот универзитет (80 м3). Овој месец во акциите за почиста и здрава  околина службите од јавното претпријатие се „фатија“ во коштец со дивите депонии Песјобрдце на патот кон Мажучиште (80 м3).

Деновиве, се расчистуваат купишта отпад градежен шут, покуќнина, облека, стари апарати од домаќинствата кај Маркова чешма, викенд населбата која практично е затрупана со ѓубре расфрлано покрај патот. Според планот, посочуваат од ЈКП Комуналец нареднава недела ќе продолжи иницијативата за справување со дивите депонии на излезот од Прилеп, патот од Црн Бор до депонијата Алинци, како и расчистување на јавен простор на повеќе локации.

Денеска на увид во тековните акции на ЈКП Комуналец на терен присуствуваше и градоначалникот Борче Јовчески на потегот од магацините на Кожувчанка до Склештен мост во викенд населбата Маркова чешма, па се до магистралниот пат за Плетвар, при што беше упатен апел:

„ Граѓаните да се однесуваат совесно со цел да ја чуваме животната средина, за било кој отпад да се јавуваат во ЈКП ,,Комуналец’’ каде услугата за одлагање на непотребен габаритен отпад се извршува бесплатно на повик од граѓаните секој четврток.“

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 ти декември

Гордана Цветаноска

Прилепчанка 2 милионити патник на Скопскиот аеродром

Гордана Цветаноска

Во потрага по 10 годишниот Петар се вклучува екипа од Дирекција за заштита и спасување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе