25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Вардар освои лесна победа против Прилеп

Во рамките од 19. коло во Суперлигата вечерва во СОУ Ристе Ристески Ричко во Прилеп, ракометарите на Вардар 1961 без поголеми проблеми дојдоа до победа против Прилеп од 20:34 иако играа во комбиниран состав

Уште од стартот од минута во минута Вардар ја зголемуваше предноста, па така после првите 30 минути игра резултатот веќе беше 10:22. Во второто полувреме Вардар го намали ритамот, но ниту еднаш не ја испушти двоцифрената предност.

Најефикасни ракометари на овој дуел се од домашната екипа Христи Бикоски и Давор Шокоски постигнаа по шест голови. Кај Вардар најефикасни Јан Чувара (пет), додека по четири постигнаа Мартин Карапалевски, Дарко Џукиќ, Стефан Атанасовски и Ален Ќосевски.

Би можело да ве интересира

Пелагониско дерби ,денеска – ЖРК „Деспина„ – ЖРК „Пелистер“

Прилепските боксерски асови заслужено до титула државни прваци во младинската лига (ВИДЕО + ФОТО)

(ВИДЕО) Успешен боксерски викенд за прилепските боксери од БК АС

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе