18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Приведени двајца кои краделе од Комуналец Прилеп

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера (13.02.2022) околу 16:00 часот на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп ги лишиле од слобода Е.А. (39) и Е.Р. (35) од Прилеп, кои се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети.

Како што информира МВР, двајцата биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на правното лице.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Од полицискиот билтен уште 3 информации за пријави во текот на вчерашниот ден:

На 13.02.2022 во ОВР Прилеп, Е.Е. од Прилеп пријавил дека на ул.„Гостиварска“ во Прилеп бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.02.2022 во ОВР Прилеп, 38-годишна жена од Прилеп пријавила дека во домот на нејзините родителите била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. По расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.02.2022 во ОВР Прилеп, Б.Т.П.(35) од Прилеп пријавила дека во близина на место викано „Поводеници“ во Прилеп нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Би можело да ве интересира

Полициски билтен: Прилепчанка нападната од сопругот

Pela

Тешко повреден пешак во Прилеп

Пела Редакција

Сообраќајна незгода – повреден 16 годишнак кој управувал мопед

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе