9.1 C
Прилеп
недела, 3 ноември, 2024
Пела Радио

Ѓорѓиоски: Има ли Прилеп градоначалник?

Со изјава за јавност денеска Александар Ѓорѓиоски – претседател на ЛК СДММ Прилеп, во која тој  посочува на повеќе проекти кои иако ветени, сеуште се чека на реализација од страна на новиот градоначалник Борче Јовчески. Изјавата ја пренесуваме во целост:

“Четири месеци после одржаните локални избори, најчестото прашање кои го поставуваат нашите сограѓани е: Има ли Прилеп градоначалник?

Бројните ветувања на Борче Јовчески дадени за време на изборната кампања, се покажаа како чиста манипулација со волјата и потребите на граѓаните.

Мртво слово на хартија останаа ветените реконструкции на „Александрија“ и „Арт плоштадот“, како и на амфитеатарот во населбата Варош.

Нема нови зелени површини, обновени фонтани, а од кружните текови ни трага ни глас. Голема и бесрамна лага испадна и ветеното намалување на сметките за вода.

И не само што немаат капацитет да ги реализираат проектите од нивната изборна програма, туку неспособноста на Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе доаѓа до израз во незнаењето да ги продолжат наследените проекти, започнати од претходната локална власт.

Единствената работа во која Борче Јовчески се докажа во изминатите 120 дена, е практикувањето на непотизам и вдомувањето партиски војници на ДПМНЕ.

Граѓаните на општина Прилеп не дознаа по кои критериуми за директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Јовчески го именуваше својот другар, Игор Гулабоски?

Исто како што остана нејасно, дали и сопругата на директорот Гулабоски, Паце Гулабоска, е вработена во Општина Прилеп?

Сепак, врв на срамот, заради што Општина Прилеп стана предмет за потсмев во целата држава, е одлуката на Јовчески за шеф на кабинетот да ја именува медицинската сестра од неговата приватна амбуланта, Маја Костадиноска.

Почитувани граѓани,

Ова се „резултатите“ од досегашното владеење на Борче Јовчески.

Резултати нема и нема да има.

И додека градот тоне во мрак и нечистотија, јавноста нема никаква дилема дека Борче Јовчески е најлошиот градоначалник во историјата на општина Прилеп, “, истакна Александар Ѓорѓиоски, претседател на ЛК на СДСМ Прилеп.

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Николоски: во рок од 4 г. ќе ги решиме сите инфраструктурни прашања во општина Прилеп

Пела Редакција

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Слики од болницата!

Елизабета Филипоска

ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП: КОЛКУ Е БЕЗБЕДНА ПРИЛЕПСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе