7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

“Паднаа“ пет гола на стадионот „Гоце Делечев„ каде Победа триумфира над Братство

Фудбалерите на Победа попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ја започнаа пролетната полусезона во Втората лига-Исток со триумф над Братство со резултат  4-1 . Околу 2.000 гледачи од трибините имаа можност да видат 5 голови и заслужен триумф на црвено-белите.
Победа  поведе, веќе во третата минута преку Адтхе Мазари по асистенција на Давид Јошески. Потоа следеше период на помирна игра без возбудувања, за во 24-тта минута по изведен корнер Братство да израмни преку Реџепи. Во 38-та минута со вториот гол, а по кикс на гостинските штопери, Мазари ја доведе во водство Победа од 2-1, а во 45-тата минута публиката реагираше сметајќи дека по ударот со глава на Филип Димоски топката од пречката завршила зад гол линијата, но сепак остана 1-2. На почетокот на вториот дел веќе во 46-тата минута, повторно со удар со глава, по центрашут на Антонио Бошески повратникот во победа Димоски зголеми на 1-3. Конечните 1-4 со третиот гол во 79-тата минута ги постави Мазари.
Победа:Тофилоски, Бошески, Христов(од 84 мин С.Спиркоски), Стомнароски(од 84 мин Сркески), Карчески, Петејчук, М.Дебрешлиоски(од 37 мин Истатов), Ј.Наумоски, Јошески(од 77 мин Јосифоски), Мазари и Димоски.
Табела:Победа и Слога по 35, Саса 34, Беласица 31, Кожуф 20, Пехчево, Детонит и Осогово по 19, Братство 7 и Локомотива 6 бодови.
Во следното 17 коло ќе играат:Детонит-Победа, Саса-Братство, Пехчево-Осогово, Беласица-Локомотива и Кожуф-Слога.
Преземено од фејсбук фан страната на ФК Победа

Би можело да ве интересира

УСПЕШНИ КОНТРОЛИ НА РК ПРИЛЕП ВО ЛЕСКОВАЦ

Гордана Цветаноска

Момците „газат се’ пред себе“- Трета победа на футсал екипата на Радио Пела -Прилеп

Пела Редакција

ППК Младост 96 “ита” кон титула

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе